ВИДЕО: Македонскиот репрезентативец Етеми со гол и асистенција во Турција

1 min read

Валон Етеми се наоѓа во многу добра форма пред репрезентативниот собир за јунските настапи во УЕФА Лигата на нации.

Потсетување дека Етеми се наоѓа на списокот повикани играчи кај селекторот Благоја Милевски за претстојните мечеви против Бугарија, Гибралтар и Грузија.

Денеска нашиот интернационалец беше еден од најзаслужните за победтаа над Истанбулспор над Ерзурум со резултат 2:4 во првиот натпревар од полуфиналето во баражот за пласман во турската Суперлига.

Етеми најпрвин асистираше од корнер во 16 минута до Јазган за водство од 0:1, а во 75 минута се запиша и во листата на стрелците за зголемување на позитивата на 0:3.

Досегашниот учинок на Етеми сезонава е седум гола и девет асистенции. Реванш мечот меѓу Истанбулспор и Ерзурум ќе се игра за четири дена.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Бегалците од Украина до 1 јуни треба да ги напуштат бугарските хотели

Следно

ФОТО+ВИДЕО | Анастасија Ражнатовиќ искеширала 10 илјади евра за својот роденден: Цеца и Немања Гудељ конечно се сретнаа

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian