ВИДЕО: Инцидент во Собранието, Џафери ја заклучи салата и ги исклучи микрофоните

2 mins read

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, вечерва побара да се заклучат вратите од собраниската сала, за службите да ги пребројат пратениците, а собраниските врати од салата за да службите пребројуваат пратеници, што наиде на остри протести од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ. По заклучувањето на вратите, пратениците прашуваа врз основа на што заклучува собраниски врати, а тој одговори: „Деловникот“, јавува Макфакс.

На реакциите да не ги заклучува вратите, Џафери рече: „Јас наредувам. Спушти камера, затворете врата. Пребројте пратеници колку има“, а пратениците се собраа околу неговото место. Џафери одново реагираше: „Тргни се од тука, не сум те повикал. Тргни се од тука. Седете на свои места“.

„Кој ти дава право да заклучиш сала?“ го праша Никола Мицевски, координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, а Џафери кажа: „Деловникот“.

„Правото на движење е мое право“, му одговори Мицевски, а Џафери возврати: „Јас сум претседател на Собранието“.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, за вечерашните случувања во Собранието се обрати до јавноста преку социјалните мрежи:

„Автократот ги исклучи микрофоните. Неколку пати ги заклучуваат вратите, за пратениците од надвор да не можат да влезат во Собранието. Вака не се одлучува демократски. Ова е срамота, насилие. Ова се случува по скандалозното однесување кон собраниските службеници“, кажа Стојаноски.

Состојбата се смири откако службите ги пребројаа пратениците, по што вратите беа отклучени. Во салата беа присутни 38 пратеници. Џафери рече дека, согласно Деловникот, Собранието може да работи без кворум, но не може да одлучува.

Тој неколку минути пред 23 часот ја прекина 71. седница, на која почна расправата по 15. точка од дневниот ред: Дополнет предлог на закон за спречување перење пари и финансирање на тероризам.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Ѓоргиев: Против БиХ ја покажавме правата слика, им честитам и на помладите

Следно

Надал лесно до третото коло на „Ролан Гарос“

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian