Стојкоски на фејсбук: Ме вознемири веста за загинатиот пешак, настанот остава простор за вознемиреност

1 min read

Скопје Инфо пред малку објави дека вечерва во близина на општината Ѓорче Петров се случи сообраќајна несреќа во која загина пешак.  Со своја реакција на социјалните мрежи, вечерва се огласи градочалникот на оваа скопска општина. 

– Сочувство до семејството на загинатиот пешак. Улиците треба да се безбедни за сите, од деца до највозрасни. Сите имаме своја улога во сообраќајот, внимателноста е најважна, напиша Стојкоски на фејсбук. 

Стојкоски во својата објава потенцираше дека огромно внимание треба да обрнеме на другите учесници во сообраќајот, на брзината со која возиме, сообраќајните правила.

– Како пешаци мораме без исклучок колку ни се брза, да поминуваме улица на обележан пешачки премин. Ова е единствениот начин, сите да бидеме безбедни, додаде тој. 

Понатаму тој вели дека го вознемирила веста за тоа што се случило вечерва во Ѓорче Петров, исто како она пред пет месеци кај „Сити Мол“

На крајот Стојкоски апелираше до учесниците во сообраќајот да не забораваат дека никаде не брзаат. 

-Најважно е безбедно да стигнеме дома, бидејќи, таму, некој не чека, завршува тој во својата фејсбук објава. 

skopjeinfo.mk

Претходно

Принцот Хари и Меган Маркл во нови неволји: Дванаесетти човек поднесе оставка од нивната компанија

Следно

Ѓоргиев: Против БиХ ја покажавме правата слика, им честитам и на помладите

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian