Се работи на целосно осветлување на катните гаражи во Скопје, а ќе има уште една новина

1 min read

-Новото раководство интензивно работи на искоренување на корупцијата и подобрување на услугите за корисниците, вели директорот на ЈП Градски паркинг-Скопје, Бојан Христовски во утринската емисија на МРТ, на тема актуелната кампања којашто ја спроведува претпријатието „Не молчи – пријави“.

Кампањата, како што посочија надлежните, има за цел подобрување на професионалните услуги кои ги нуди претпријатието, како и анкетите за испитување на мислењето на корисниците на градски паркинг.

Освен за кампањата, се разговараше и за другите промени во работењето на новото раководство.

Христовски информираше дека се ослободени над 30 паркинг простори во катната гаража „Беко“, кои беа окупирани од хаварисани возила, или од корисници со повластување за бесплатно паркирање, дека конечно се воведе дисциплина во одржувањето на катните гражи и другите паркинзи – тие редовно се чистат; намалени се цените за паркирање на ниво на градот..

Тој рече дека се работи на целосно осветлување на катните гаражи, а се планирани и нови платежни картички, кои ќе се користат при излез од паркинзите, без притоа да се оди на наплатен пункт.

skopjeinfo.mk

Претходно

Конашенков: Пристаништето во Мариупол почна нормално да работи

Следно

Пливачите на Скопје освоија 20 медали на меѓународниот натпревар „Бања Лука Опен“

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian