Се преврте брод кај Тунис, 76 лица исчезнаа

1 min read

Најмалку 76 лица се водат како исчезнати, откако се преврте брод во близина на брегот на Тунис, соопшти денеска Меѓународната организација за миграција.

Се додава дека 24 лица се спасени од бродот, што испловил од брегот на плажите на Завара во Либија и потонал крај брегот на Сфакс во Тунис, јавија британски медиуми.

Изминатите месеци, десетици луѓе се удавија во близина на брегот на Тунис, бидејќи се зголемува бројот на мигранти, кои се обидуваат да дојдат од Тунис и Либија, во Италија.

kurir.mk

Претходно

Благоев: Бугарската православна црква ќе мора да ја признае Македонската црква

Следно

Реконструкција на пешачка патека и изградба на нова велосипедска патека на Јужен булевар

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian