Рома и Феенорд во битка за првиот трофеј во најновото европско натпреварување

2 mins read

Екипите на Рома и Феенорд вечерва (21 часот) на стадионот „Ер Албанија“ во Тирана, ќе играат во првото финале на новоформираното европско клупско натпреварување, Лигата на конференции.

Феенорд е последниот холандски тим што освоил европски трофеј, во 2002 година триумфира во Купот на УЕФА, додека Рома сè уште чека на европска титула.

Феенорд предводен од Сириел Десерс го има најдобриот напад во Лигата на конференции, а на падот до финалето успеа да ги елиминира Партизан (5:2,3:1), Славија Прага (3:3,3:1) и Олимпик Марсеј (3:2,0:0).

– Веќе ги направивме горди нашите навивачи, но нашата мисија сè уште не е готова. Не очекува најважниот натпревар сезонава на кој ќе се обидеме да победиме и да бидеме првите освојувачи на трофејот во ова натпреварување – вели тренерот на Феенорд, Арне Слот.

Рома која го освои првото место во групата Ц, во нокаут-фазата беше поуспешна од Витесе (1:0,1:1), Бодо/Глит (1:2,4:0) и Лестер (1:0,1:1).

Адутот на „римската волчица“ на теренот е Тами Абрахам кој сезонава е најдобар стрелец на екипата со 30 постигнати голови, додека на клупата седи Жозе Мурињо, тренерот кој знае како се освојуваат трофеи. Поругалецот со евентуална победа има шанса да стане првиот тренер што успеал да триумфира во сите натпреварувања под капата на УЕФА, со Порто и Интер триумфира во Лигата на шампионите, додека со Порто и Манчестер јунајтед го креваше трофејот во Лигата на Европа.

– Шансите во финалето секогаш се 50-50, но ние ќе направиме сè за да бидат 51-49 во наша корист. Но, тоа мора да го направиме со добра игра на теренот. Финалето во Лигата на конференции за нас е како да играме финале во Лигата на шампионите и затоа ќе сториме се за на крајот ние да се радуваме – вели Мурињо.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО | Андоновиќ: Српскиот патријарх Порфириј е умерен, флексибилен и без тврди ставови

Следно

Разговор со Мери Еритцијан и Армине Пилојан Вртеска: Од обичен кафе муабет до уникатен мал бизнис

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian