Реконструкција на пешачка патека и изградба на нова велосипедска патека на Јужен булевар

1 min read

Eкипите на ЈП Улици и патишта, по налог на Град Скопје, деновиве почнаа со градежни активности за реконструкција на пешачката патека и изградба на нова велосипедска патека на Јужен Булевар на потегот од градилиштето на компанијата Лимак до стара Рампа, со вкупна површина од 1480 квадратни метри.

Постоечката пешачка патека на овој потег во должина од 370 метри, широка е 4 метри, а на одредени делници со променлива широчина и во рамките на реконструкцијата на половина од овој потег ќе биде изведена нова велосипедска патека.

-Изградбата на нови велосипедски патеки и подобрување на постојната велосипедска инфрастуктура во Скопје е еден од приоритетите на новата градска администрација, а со реконструкцијата на пешачката патека ќе се овозможи полесно движење и ќе се зголеми безбедноста и на пешаците во овој дел од градот, посочија надлежните. 

skopjeinfo.mk

Претходно

Се преврте брод кај Тунис, 76 лица исчезнаа

Следно

Челси ќе има 200 милиони фунти за засилувања

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian