Реакции на дел од познатите Американци по масакрот во Тексас: Доста е!!!

2 mins read

Американските актери, музичари и спортисти се длабоко потресени за трагедијата која се случи во основното училиште во Тексас и повикаа на посилна контрола на поседувањето оружје во таа земја.

ВИДЕО | Масакр во училиште во Тексас: Ученик уби 19 деца и двајца возрасни

„А на оние кои денес ги оставиле своите најблиски не знаејќи дека тоа е збогум, ниту еден збор не може да ја сфати или излечи вашата загуба, но ако молитвите можат да пружат утеха, ние ќе продолжиме да се молиме“, заклучи Меконахи.

крис еванс
Крис Еванс / Фото: Профимедиа

Кон апелот за посилна контрола и промена на законот за поседување оружје се приклучи и актерот Крис Еванс.

„Доста е!!!“, напиша 40-годишниот Еванс на својот твитер-профил.

 

селена гомез дизни
Селена Гомез / Фото: EPA-EFE/DAVID SWANSON

Се огласи и славната пејачка Селена Гомез која исто така потекнува од Тексас.

„Ако децата не се безбедни во училиште, тогаш каде се безбедни?“, праша пејачката и актерка Гомез.

селена гомез
Селена Гомез / Фото: Принтскрин/Инстаграм

„Доста е. Ова едноставно мора да се промени. Мора…“, порача кошаркар ЛеБрон Џејмс на неговиот официјален твитер-профил.

леброн џејмс

ЛеБрон Џејмс / EPA-EFE/ERIK S. LESSERКим Кардашијан сподели графичка со која порача дека системот ништо не прави за да се спречат вакви настани.

ким кардашијан
Ким Кардашијан / Фото: Принтскрин/Инстаграм

„Ми се лоши. Испраќам љубов и молитви до семејствата погодени од оваа трагедија“, напиша моделот Кендал Џенер.

кендал џенер
Кендал Џенер / Фото: Принтскрин/Инстаграм

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Конте со Тотенхем обезбеди пласман во ЛШ и доби 175 милиони евра за засилувања

Следно

Вангелов: Решение со Бугарија е можно, но мора да престанат говорот на омраза и провокациите од Софија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian