Пендаровски во Давос се сретна со сопственикот на Манчестер Јунајтед, Аврам Глејзер

1 min read

Претседателот Стево Пендаровски на Фејсбук објави фотографија и соопшти дека на Економскиот форум во Давос се сретнал со американскиот бизнисмен Аврам Глејзер, кој е сопственик на фудбалскиот клуб Манчестер Јунајтед.

„Со сопственикот на Manchester United Аврам Глејзер, во Давос на Светскиот економски форум разговаравме за подемот на македонскиот репрезентативен фудбал и квалитетот на нашите фудбалери. Зборувавме и за Роналдо, несомнено еден од најдобрите. Ја имав честа од прва рака да чујам за неговиот иден статус и за најновите засилувања во клубот“, пишува Пендаровски во објавата на Фејсбук.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО+ВИДЕО | Мистеријата на Атлантида: Шест теории за легендарната цивилизација

Следно

Кулеба го критикува НАТО дека „буквално ништо“ не прави за да ја запре руската инвазија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian