Јокиќ и Дончиќ во идеалниот тим на НБА лигата

1 min read

Никола Јокиќ и Лука Дончиќ се избрани во првиот тим на НБА лигата оваа сезона, објавено е на официјалниот сајт на тоа натпреварување.

НБА лигата ги објави имињата на играчите на трите најдобри екипи во лигата за 2021 година, кои новинарите ги избраа со гласање.

Во првиот тим се и Јанис Адетокумпо од Милвоки, дефанзивецот на Феникс Девин Букер и крилото на Бостон Џејсон Тејтум.

Вториот тим на НБА ги вклучува центарот на Филаделфија Џоел Ембид, дефанзивецот на Мемфис Џа Морант, крилото на Бруклин Кевин Дурант, бекот на Голден Стејт Стеф Кари и крилото на Чикаго Демар ДеРозен.

Членови на третиот тим се центарот на Минесота, Карл Ентони Таунс, крилото на Лејкерс, Леброн Џејмс, дефанзивците на Феникс и Атланта, Крис Пол и Тре Јанг и крилото на Торонто, Паскал Сиакам.

ВИДЕО: Кошаркарите на Далас избегнаа метла во финалето на Западот

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Тешка сообраќајка утрово кај „Веро“ во Тафталиџе – има и повредени

Следно

Зајакнете го имунитетот со новите производи на ГАЛЕНИКА

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian