Мурињо за фијаското на Манчестер јунајтед: Жал ми е што бев во право

1 min read

Тренерот на Рома, Жозе Мурињо, вели дека Манчестер јунајтед мора да го промени менталитетот доколку сака да постигне врвни резултати, пренесуваат португалските медиуми.

Мурињо беше менаџер на „црвените ѓаволи“ од 2016 до 2018 година, а со овој клуб ја освои Лигата на Европа и англискиот Лига куп.

Клубот од „Олд Трафорд“ оттогаш нема освоено ниту еден трофеј, а оваа сезона Јунајтед не успеа да се пласира во Лигата на шампионите.

Португалскиот стручњак го освои второто место во Премиер лигата со Манчестер јунајтед во сезоната 2017/2018. Тој тогаш изјави дека постигнал голем успех со англискиот клуб.

– Навивачите на Јунајтед се посебни, а во клубот има многу добри луѓе. Не сум среќен затоа што бев во право. Кога работите не одат како што треба, менталитетот на клубот треба да се промени, а тоа не се случи. Знаев дека со моето заминување нема да се реши ситуацијата, но им посакувам сè најдобро – изјави Мурињо за БТ Спорт.

Португалскиот стручњак е тренер на Рома од 2021 година, а со римскиот клуб денеска во Тирана ќе се бори за трофејот во Лигата на конференциите против Феенорд.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Во Сараево евакуирани основни училишта по дојава за поставена бомба

Следно

Колинда Грабар-Китаровиќ ја изваја својата фигура и се подмлади: На што се должи витата линија на поранешната хрватска претседателка?

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian