Кулеба: Украина и С. Македонија се придружнички, а не конкурентки на европскиот пат

1 min read

Министерот за надворешни работи на Украина Дмитро Кулеба и македонскиот претседател Стево Пендаровски на средба бо Давос се согласиле дека двете земји се „придружници, а не конкуренти“ на нивниот евроинтегративен пат, објави на Твитер шефот на украинската дипломатија Кулеба по средбата со претседателот на Северна Македонија.

„Се сретнав со претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски. Поддршката на Скопје за Украина во овие тензични времиња останува непоколеблива. Украина секогаш ќе го памети ова. Ние исто така се согласуваме дека на патот на интеграцијата во ЕУ Украина и Северна Македонија се придружници, а не конкуренти, напиша шефот на украинската дипломатија.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ФОТО+ВИДЕО | Анастасија Ражнатовиќ искеширала 10 илјади евра за својот роденден: Цеца и Немања Гудељ конечно се сретнаа

Следно

САД, ЕУ и Велика Британија ќе помагаат во истрагите за воени злосторства во Украина

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian