Конашенков: Пристаништето во Мариупол почна нормално да работи

1 min read

Портпаролот на руското Министерство за одбрана Игор Конашенков денеска изјави дека пристаништето Мариупол е целосно деминирано и почна со работа.

Тој додаде дека на територија на пристаништето биле пронајдени повеќе од 12.000 експлозивни направи и се деактивирани, а исто така било пронајдено и оружје оставено од украинските борци.

Според руското Министерство за одбрана пристапните канали и внатрешните води се ослободени од потонати бродови и други навигациски пречки. Руските војници деминирале дел од брегот на Азовско Море во близина на пристаништето Мариупол.

kurir.mk

Претходно

Османи: Време е за итно отварање на преговорите со ЕУ за Македонија и Албанија

Следно

Се работи на целосно осветлување на катните гаражи во Скопје, а ќе има уште една новина

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian