Градските татковци ќе учат од европските, на Форум на градоначалници што ќе се одржи на први јуни

1 min read

На први јуни во Скопје ќе се одржи Меѓународен форум на градоначалници на кој учество ќе земат светски експерти, но пред се градоначалници на европски метрополи, од чии искуства ќе учат македонските градоначалници. Организатор на овој настан е Универзитетот за туризам и менаџмент, а професорката Валентина Муцунска денеска во Утрински брифинг рече дека станува збор за извонредна можност македонските локални самоуправи да земат пример за тоа што значи модерна општина.

– Целта на овој меѓународен форум на градоначалници е да се разменат знаење, мислења и добри практики во областа на менаџирање на општините, со цел  да се подобрат перформансите на општините преку креирање на добри политики. Со тоа очекуваме дека на општините ќе им биде полесно да се справат со современите предизвици. Фокусот ќе биде ставен на турбулентното опкружување кое генерира комплексни промени, а тие директно се рефлектираат врз функционирањето на општините. Ќе испратиме порака до општините да размислуваат за креирање на стратегии со чија имплементација ќе успеат да се справат со предизвиците на глобалното општество, објасни Муцунска.

На Форумот ќе учествуваат Жан Ив Каму, специјалист по меѓународни односи и специјален советник на градоначалникот на Париз, проф. д- р. Карол Јанс, градоначалник на општина во Република Словачка, Свика Брот, градоначалник на општина во Израел и советник на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, Илко Стојанов, градоначалник на Благоевград, д-р Андријана Цветковиќ, прв резидентен  амбасадор на Република Македонија во Јапонија.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО: Меморија најавува спектакуларен концерт на 11. јуни, вреден за паметење

Следно

ЕК предлага нови правила за конфискација на имотот на руските олигарси

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian