ФОТО+ВИДЕО | Мистеријата на Атлантида: Шест теории за легендарната цивилизација

6 mins read

Ниту еден митски поим не е толку мистериозен како што е Атлантида, многу напредна цивилизација која исчезнала пред неколку илјади години. Така барем се претпоставува…

Сè уште не се откриени конкретни докази за нејзиното постоење, но тоа не ги спречува археолозите и историчарите да се занимаваат со митологијата која отсекогаш ги интригира љубопотните умови.

Ова се неколку теории за судбината на оваа изгубена култура, која според легендата во древно време владеела со светот

Фото: Profimedia

Атлантида беше континентот што го проголта Атлантскиот океан

Идејата дека станува збор за потврдено историско место, а не приказна што ја измислил Платон, се појавила на крајот од 19 век. Во својата книга „Атлантида: пред-потопен свет“ од 1882 година, писателот Игнатиус Донел тврдел дека античките народи наследиле достигнувања, како што се јазикот, обработување на земјата и металите, од напредната цивилизација што им претходела.
Донел го опишал потопениот континент, кој според наодите на Платон, се наоѓал над столбовите на Херкулес кај Гибралтар. Современата океанографија и знаењето за тектонските плочи кои денеска се применуваат, не одат во прилог на оваа теорија.

Фото: Profimedia

Дали Бермудскиот триаголник ја проголтал Атлантида?

Инспирирани од делото на Донел, подоцна многу писатели ги изнесувале претпоставките дека Атлантида се наоѓа некаде на друго место. Еден од нив бил и Чарлс Берлиц.

Тој во 1970-те години тврдел дека Атлантида е вистински континент и дека се наоѓал во близина на Бахамите, но дека го проголтал Бермудскиот триаголник.

Поддржувачите на оваа теорија како основен доказ упатуваат на прсисуство на необични подводни структури, слични на улици и ѕидини, кои се наоѓаат во близина на брегот на архипелагот Бимини. Научниците проценуваат дека станува збор за природни структури формирани од случајно депонирани карпи.

Фото: Profimedia

Антарктикот некогаш бил Атлантида

Авторот Чарлс Хапгуд во својата книга „Earth’s Shifting Crust“ од 1958 година, за која Алберт Ајнштајн го напишал предговорот, претпоставува дека отприлика пред 12.000 години дошло до поместување на Земјината кора, предизвикувајќи Антарктикот да се премести појужно од каде што бил дотогаш.

Поместувањето на Антарктикот ја уништило античката цивилизација?

Хапгуд смета дека климата на поранешниот Антарктик била поумерена и дека таму се развивала напредната цивилизација. Кога дошло до наведеното поместување на Земјината кора, континентот се поместил, температурата нагло се намалила и ги оковала величенствените градови на Антартикот со мраз.

Исто како и теоријата на Донел, и оваа теорија им претходи на сознанијата кои денеска ги имаме за движењето на тектонските плочи, а кои ја побиваат оваа претпоставка.

Фото: Profimedia

Митот за Атлантида всушност зборува за потопот на Црно Море

Можеби Атлантида е измислено место, но не е невозможно да се претстави алегорија за вистински историски настан. Постои хипотеза за потеклото на Црното Море, според која тоа нстанало приближно во 5600 година пред новата ера, кога Средоземното Море го пробило Босфорскиот Теснец и го наполнило поранешносто слатководно езеро со морска вода. Во оваа хипотеза се вели дека езерото од коешто настанало Црното Море, било помало за половина.

Ако навистина се случил ваков потоп, може да се претпостави дека тоа предизвикало раселување на населението кое ги населувало рабовите на хипотетичкото езеро. „Луѓето бегајќи од водата што надоаѓала сликовито ги опишувале своите доживувања, а тие приказни по неколку илјади години подоцна го инспирираа Платон да пишува за изгубената цивилизација, пишува Хистори.

Фото: Profimedia

Атлантида сведочи за Критската (Минојска) цивилизација, која цветала на грчките острови

Една од теориите од поново време се однесува на цивилизацијата од грчките острови Крит и Санторини, која цветала помеѓу 2500 и 1600 година пред новата ера.

Микејската палата во Кносос / Фото: EPA-EFE/MARTIN REICH

Името го носи по легендарниот крал Минос. Се верува дека тоа била првата европска голема цивилизација. Минојците подигнувале прекрасни палати, граделе патишта и биле првите Европјани кои го користеле писмото.

Во екот на својата моќ, Минојската цивилизација исчезнала од текот на историјата. Овој настан разоткри низа теории за можна поврзаност со изгубената цивилизација на Платоновата Атлантида.

Историчарите сметаат дека пред 1600 години пред новата ера се случил катастрофален земјотрес, кој го погодил островот Тера, денешен Санторини, што довело до ерупција со застрашувачки размери. Десет милиони тони карпи, пепел и гас биле исфрлени во атмосферата. Цунамите кои следеле биле доволни да ги уништат минојските градови, што ги направило ранливи за нападите од другите народи на копното.

Атлантида е дело на фантазијата на Платон

Повеќето историчари и научници се сложуваат дека Платоновото проповедање за изгубеното кралство Атлантида е чиста фикција. Тој веројатно ја измислил Атлантида како совршена цивилизација, чија мрачна приказна служела за предупредување дека боговите ја казнуваат човечката горделивост.

Освен Платоновите дијалози, не постојат други записи за оваа античка култура. Покрај тоа, покрај развојот на современата океанографија и напорите за мапирање на океанското дно, сè уште не е пронајден ниеден доказ за потопената цивилизација.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Албанската полиција депортира 80 навивачи на Рома

Следно

Пендаровски во Давос се сретна со сопственикот на Манчестер Јунајтед, Аврам Глејзер

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian