ФОТО | Колумбиската убавица доминираше на Кан: Сите погледи вперени во неа

2 mins read

Помеѓу многуте ѕвезди кои синоќа се прошетаа на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал, беше и една колумбиска убавица која важи за една од најубавите жени на планетата.

Синоќа на 75. Филмски фестивал во Кан премиерно беше прикажана француската драма „L`innocent“ во режија на Луис Гарел.

Голем број познати личности беа на црвениот тепих, меѓу кои и Ариадна Гутијерез, славна манекенка и поранешна Мис на Колумбија.

Убавата Ариадна се појави во син сатенски фустан со резедо постава што ги открива рамениците и го истакнува нејзиното деколте и нејзината витка половина, а потоа шири во раскошен балски фустан. Сепак, не станува збор за само уште една бајковита креација, туку Ариадна се одлучила за многу провокативен модел со длабок шлиц дури до средината на стомакот!

Моделот носеше и проѕирни хеланки опкружени со сини кристали со различни големини, а истите детали ги има и на машната околу половината, кои се движат во ленти на горниот дел од телото и го држат фустанот околу нејзиниот врат.

Аријадна во комбинација со необичниот фустан носеше сребрени сандали со високи и тенки потпетици, а целиот изглед го заокружила едноставна фризура, минијатурни светкави обетки и црвен кармин.

Убавата Гутиерез, инаку, беше мис на Колумбија во 2014 година, додека следната година беше прогласена за прва придружничка на натпреварот за Мис Универзум. Тогаш се најде во центарот на вниманието на јавноста бидејќи прво по грешка беше прогласена за победничка, а потоа мораа да ја разочараат пред милионската публика.

Во 2017 година беше во врска со италијанскиот плејбој Џанлука Ваки, но таа љубов не траеше долго. Ариадна е многу популарна на социјалната мрежа „Инстаграм“, каде што ја следат повеќе од 3,6 милиони луѓе, а пред неколку години се појави во акциониот трилер „xXx: Return of Xander Cage“.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО | Полицаец уби колега во полициска станица во Тирана

Следно

Дендиас во дипломатска офанзива да се тргне бугарското вето?

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian