Новиот сопственик на Челси, Тод Боли, одобри 200 милиони фунти за засилувања на екипата во летниот преоден рок. Англиските медиуми пишуваат дека сумата може да биде поголема доколку биде продаден Ромелу Лукаку кој имаше разочарувачка сезона.
За Белгиецот, интерес има од неколку италијански екипи, но не се подготвени да платат 70 милиони евра колку што бара Челси.
Менаџерот на екипата, Томас Тухел планира парите за засилувања да ги искористи за ангажман на еден напаѓач и на најмалку двајца фудбалери во одбраната бидејќи ќе си заминат Андреас Кристенсен, Антонио Рудигер и капитенот Сезар Азпиликуета.