Бугарската полиција пронајде седум тела во шума во близина на Софија. Истрагата потврди дека се работи за нелегална шема за погреби, скандал кој ја потресе бугарската јавност, пишува БГНЕС .
За жртвите се верува дека починале од природна смрт. Полицијата потоа приведе 51-годишен маж кој е обвинет за измама.
Од бугарската полиција тврдат дека тоа лице земало тела од домови за нега на стари лица, наводно за кремирање, и наместо тоа ги закопувал во шума.
Не е исклучена можноста властите да најдат уште неколку тела.