Андерсон: Шведска не финансира или вооружува „терористички организации“

1 min read

Шведска не финансира или вооружува терористички организации, изјави денеска премиерката Магдалена Андерсон, отфрлајќи ги турските тврдења и противењето на кандидатурата за членство во НАТО поради поддршка за курдските милитантни групи.

– Ние не испраќаме пари за терористички организации, се разбира, ниту оружје, истакна Андерсон на прес-конференција во Стокхолм.

Нејзините забелешки доаѓаат откако финската и шведската делегација започнаа денеска разговори со Анкара. Според неа, разговорите ќе обезбедат можност да се расчисти „конфузијата“ што кружи во врска со шведската поддршка за различни групи.

Турција се спротивстави на апликациите на Шведска и соседна Финска, особено Шведска, во врска со она што го смета за попустливост кон курдските милитантни групи во нордиските земји.

Стокхолм и Хелсинки ги поднесоа своите кандидатури за приклучување кон НАТО минатата недела, откако политичката и јавната поддршка за членство се зголеми по руската инвазија врз Украина. Турција, сепак, ги обвини Шведска и Финска дека дејствуваат како жаришта за терористички групи, а претседателот Реџеп Тајип Ердоган инсистираше на тоа дека Анкара нема да ги одобри кандидатурите на двете земји.

kurir.mk

Претходно

Дендиас во дипломатска офанзива да се тргне бугарското вето?

Следно

Маж нападнал жена со која претходно бил во врска

Latest from Blog

Македонската наука со индигнација ги отфрла препораките на „Комисијата за ревизија на македонската историја“, како псевдонаучни, ништовни и нерелевантни!

Таканаречените “Препораки за заедничко одбележување на историски личности“ на “Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и

MacedonianEnglishAlbanian