Зелено светло за продажба на Челси даде и Премиер лигата

1 min read

Откако британската влада ја одобри продажбата на Челси во вторникот наутро, истото го направи и Премиер лигата во раните вечерни часови.

Како што беше соопштено од Премиер лигата, конзорциумот предводен од Тод Боели ги поминал проверките за прашањето за сопственоста и идниот директор.

Сега останува Владата да ја даде соодветната лиценца за продажба и целиот процес официјално ќе биде завршен.

Иако проблемот беше начинот на уплата на парите на сметката која беше блокирана поради санкциите изречени за Роман Абрамович, како проблем беше претставено тоа што рускиот милијардер не дал „правно обврзувачки гаранции“ дека ќе ја почитува најавената одлука дека сите пари од продажбата на клубот – 4,25 милијарди фунти, ќе бидат донирани во хуманитарни цели.

Во вторникот и тој услов беше исполнет, па одлуката на Владата да им даде зелено светло на Боели и компанијата да ги платат парите, следуваше и одлуката на самата лига со која ќе заврши една ера, не само во Челси, туку и во цела Премиер лига.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Рама: Сè уште немаме кандидат за претседател

Следно

ФОТО | Меган Маркл го бакна принцот Хари на спортски настап: Со модниот избор потсети на Дијана

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian