„Вог“ застана на страната на Амбер Херд: Време е да повлечете линија и да им верувате на жените

3 mins read

Деталите од судскиот процес на поранешните сопружници Џони Деп и Амбер Херд се многу потресни, насилни и морничави и содржат многу интимни моменти од нивниот краткотраен брак. Општо земено, изјавите на сведоците можат да бидат убедливи, но со двајца актери на обвинителна клупа, не можеме да бидеме сигурни во апсолутната вистина.

амбер херд
Фото: EPA-EFE/Steve Helber /

Да потсетиме, познатиот актер Џони Деп бара отштета од 50 милиони долари откако неговата сопруга и актерка Амбер Херд објави напис во „The Washington Post“ во кој наведува дека била жртва на семејно насилство, без да наведе ничие име.

И покрај тоа што Високиот суд во Лондон претходно утврди дека наводите дека Деп физички ги малтретирал неговите поранешни девојки се „во суштина вистинити“, корисниците на интернет главно застанаа на страната на актерот. На социјалните мрежи на големо се шират хаштаговите „#JusticeForJohnnyDepp“ и „#AmberTurd“.

Според „Vogue“ омразата кон актерката на социјалните мрежи е сосема опиплива и може да се почувствува во суровите мемиња кои се појавуваат секој ден кои најчесто се во контекст на исмевање на појавувањето на актерката на суд, што е обична мизогинија.

Компанијата за козметика чиј продукт го користела Херд за покривање на модринки направи видео на „ТикТок“ во кое ги оспорува нејзините тврдења. Актерката беше автоматски исмејувана, што, како што пишува „Vogue“, нè доведува до прашањето – дали навистина изгубивме толку многу идеја за сериозноста на овие обвинувања?

амбер херд
Амбер Херд / Фото: EPA-EFE/MICHAEL REYNOLDS /

Што им кажува ова на жртвите на злоставување кои размислуваат да излезат во јавноста? Без разлика дали тврдењата на актерката се вистинити или не, зарем немилосрдните мемиња сами по себе не се форма на насилство? Дали навредувањето на социјалните мрежи не е еден вид психолошки напад?

Време е да повлечете линија и да им верувате на жените. Време е да ѝ веруваме на Херд. Британските судови веруваат дека Деп ја тепал својата поранешна сопруга. Што нè спречува нас останатите да веруваме во тоа, пишува „Vogue“.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Ѓоргиев: Не сме фаворити, но одиме на победа против Босна и Херцеговина

Следно

Пендаровски од Давос: Доколку Путин успее некако да победи во оваа војна нема само да ја победи Украина

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian