Во Косово нема заразени од мајмунски сипаници, тврдат здравствените власти

1 min read

Министерството за здравство на Косово, во координација со државниот Институт за јавно здравство (ИКШПК) објави синоќа дека досега во земјата не е регистриран ниту еден случај на заразен од вирусот на таканаречените „мајмунски сипаници“, јави дописникот на МИА од Приштина.

Во соопштението на МЗ и ИКШПК се вели дека епидемиолошката ситуација со мајмунските сипаници се следи со големо внимание, уште од појавата на првите случаи вон Африканскиот континент, во САД, Европа и Израел, со над 100 случаи кои се потврдени досега.

Косовските здравствени власти објавија и документ со препораки и мерки во врска со новата зараза, кој им е доставен на здравствените институции и кој, како што наведуваат, ќе биде секојдневно ажуриран со евентуални нови податоци.

Во соопштението исто така се нагласува дека, во врска со новата заразна болест, косовското МЗ и ИКШПК се во постојан контакт со Светската здравствена оганизација и со Европскиот центар за превенција и контрола на болести.

– ИКШПК непрекинато ја следи одблизу епидемиолошката ситуација во земјите од регионот и светот и согласно ситуацијата ќе бидете веднаш информирани во реално време, се вели во соопштението.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Кривична за скопјанец за загрозување на животната средина и природата со отпад

Следно

Штутгарт ја одреди цената за Чурлинов, на потег е Шалке

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian