ВИДЕО | Кендал Џенер на венчавката на нејзината сестра го „утнала“ фустанот: Едвај оди

2 mins read

Кендал Џенер присуствуваше на венчавката на нејзината постара сестра Кортни Кардашијан и Тревис Баркер во Италија, а бидејќи на настанот доминираа екстравагантните модни изданија на гостите, манекенката поради својот фустан едвај одела.

Сестрата на Џенер, Кајли, на својот инстаграм-профил сподели видео на кое се гледа дека Кендал се обидува да се качува по стрмни скали во прилично тесен фустан.

Кендал за оваа пригода избрала долг цветен фустан со отворен дел на грбот, но вниманието го украде кројот на истиот. На видеото се гледа како манекенката едвај оди додека нејзините нозе се во прилично чудна положба. Исто така, на снимката може да се слушне Кајли како се смее и вели дека стаклите се „луди“.

Кајли, исто така, сподели видео од танцот со Кендал на нејзиниот профил на „ТикТок“. Може да се види дека инфлуенсерката и нејзината сестра уживаат на венчавката на нивната постара полусестра Кортни.

Таа, исто така, напиша кратка порака во описот на нејзината објава во која ја опиша Кендал како „девојка со краставици“, алудирајќи на видеото од манекенка кое стана вирално, во кое таа несмасно се обидува да исече краставица.

ВИДЕО | Кендал Џенер на венчавката на нејзината сестра го „утнала“ фустанот: Едвај оди

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Ѓоковиќ: Ќе загубам 4000 поени без можност да ги бранам

Следно

ГАЛЕРИЈА | Заедничка литургија на МПЦ-ОА и СПЦ во соборниот храм „Св. Климент Охридски” во Скопје

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian