ВИДЕО: Димитријевиќ имаше шут за победа против Басконија

1 min read

Во првиот натпревар од плеј-офот во четвртфиналето екипата на Валенсија загуби минимално со 79:80 од Басконија.

Плеј-оф серијата во најсилното шпанско првенство за пласман во полуфиналната фаза се игра до две победи.

Во поразот на Валенсија Ненад Димитријевиќ беше втор стрелец со 15 поени (шест асистенции, три скока) за 23 и пол минути игра на паркетот.

Македонскиот репрезентативец имаше шанса да биде херој на својата екипа, но не успеа да погоди во последниот напад.

Поефикасен од нашиот играч кај неговите тимски колеги беше само Лопез-Аростеги со 17 поени. На спротивната страна Американецот Болдвин се истакна со 15 поени, а ист учинок имаше и Ирецот Костело (девет скока).

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Скопјанец во контактибилна состојба изваден од Вардар

Следно

Одмаздата се служи ладна: Бившиот ме остави за кариера, сега излегувам со неговиот шеф

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian