ВИДЕО | Демонстранти упаднаа на Канскиот филмски фестивал со огромен транспарент и димни бомби

1 min read

Во неделата на 22 мај, група демонстранти облечени во црно се појавија на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал носејќи голем транспарент со имињата на 129 жени кои починале како последица на семејно насилство во Франција од претходниот фестивал во 2021 година, пренесуваат странските медиуми.

Демонстрантите – членови на феминистичкиот колектив познат како „Les colleuses“, исто така запалија црни димни бомби кога застанаа на скалите на црвениот тепих пред „Palais des Festivals“.

Сето ова се случуваше на премиерата на филмот „Holy Spider“, крими трилер во режија на Али Абаси, кој ја раскажува приказната за новинарка која ги истражува тековните убиства на сексуалните работници во Иран. Филмот е заснован на вистинскиот сериски убиец Саид Ханаи, кој признал дека убил 16 жени помеѓу 2000 и 2001 година. Тој беше осуден на смрт на 8 април 2002 година.

ФОТО+ВИДЕО | Демонстрантка направи хаос на црвениот тепих во Кан: Престанете да нè силувате

Ова е вторпат на овогодинешниот 75-ти Кански филмски фестивал, на црвениот тепих да се појави демонстрант поради протест околу насилството врз жените. Во петокот, 20 мај, една жена истрча топлес на црвениот тепих во знак на протест со порака „Престанете да нè силувате“ испишана на нејзиното тело со која ги обвинува руските војници за силување за време на инвазијата на Украина.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Димитријевиќ заедно со Црвена звезда и Партизан во Евролигата!?

Следно

Заев: Со томосот што СПЦ го упати до Вселенската патријаршија, не постои пречка за прогласување на афтокефалност на МПЦ-ОА

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian