Погледнете како денес изгледа малото момче од една од најшокантните фотографии направени во Африка

2 mins read

Една од највпечатливите фотографии од Африка е онаа на која хуманитарка му дава вода на гладно мало момче кое едвај стои на нозе.

Ања Рингрен Ловен од Данска спаси момче обвинето за вештерство, кое родителите го оставиле да умре од глад и жед на улица. Детето по име Хоуп преживеало јадејќи отпадоци кои ги наоѓал на улица и било во ужасна состојба.

Ања му дала храна и вода, го завиткала во ќебе и го однела на лекување во болница. Два дена откако ги замоли луѓето преку Интернет да помогнат за лекување на Хоуп, таа доби 2 милиони долари донации од целиот свет.

Ања и нејзиниот сопруг ја основале фондацијата „Land of Hope“ во Нигерија за сите деца кои ги нарекуваат вештери, поради што се оставени на улица, физички малтретирани, а некои за жал и убивани во руралните области на таа земја.

Ања неодамна на својот инстаграм-профил сподели нова фотографија од Хоуп на која се гледа здраво и насмеано момче.

„По спасувањето на Хоуп во 2016 година, бев интервјуирана од медиумите ширум светот и оттогаш приказната за неговиот напредок е објавена во многу написи. Единствениот проблем во оваа приказна е што, покрај илјадниците написи, интервјуа, многубројни документарци за обвинувања за вештерство во Нигерија, децата сè уште се стигматизирани, мачени и убивани. Законите што треба да ги заштитат децата не се спроведени, а бројот на деца обвинети дека се вештери расте бидејќи тоа стана профитабилен бизнис“, напиша таа, повикувајќи ги сите добри луѓе да донираат во нивната организација.

„Во тој момент некое дете е изгорено живо. Околу децата ставаат автомобилски гуми и ги палат. Мора да го запреме тоа. Мртвите не можат да викаат за правда“, продолжи Ловен. „И покрај сета суровост и тешкотии на нашиот свет, ние не сме само затвореници на судбината. Нашите постапки се важни и можат да ја свртат историјата во правец на правдата“, вели Ања во описот на фотографијата.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Пендаровски од Давос: Доколку Путин успее некако да победи во оваа војна нема само да ја победи Украина

Следно

Бензема за Мбапе: Во сабота играме финале во ЛШ, не се занимаваме со ситници

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian