Петков: Италија ќе испрати 800 војници како дел од баталјонот на НАТО во Бугарија

1 min read

Италијанскиот премиер Марио Драги во Рим го прими бугарскиот премиер Кирил Петков, соопшти прес-центарот на бугарската влада. Двајцата премиери разговарале за енергетиката, безбедноста и борбата против корупцијата. По разговорот, бугарскиот премиер Петков ја истакна недвосмислената поддршка од неговиот италијански домаќин Марио Драги за бугарската влада и нејзините политики.

Петков рече дека Италија испраќа повеќе од 800 луѓе во Бугарија како дел од баталјонот на НАТО, што според него е многу добар знак за поддршка што доаѓа од Рим. Петков посочи дека добил честитки од италијанскиот премиер за цврстиот став на Бугарија за едностраните дејствија на Гаспром, како и уверувањето на Драги дека Бугарија и Италија ќе работат заедно на зголемување на потенцијалните испораки на гас во Европа од Азербејџан и други земји.

И двајцата сметаат дека не секоја европска земја може сама да се справи со овој проблем и треба да има заеднички став, додаде Петков. Во спротивно, рече тој, постои сериозна опасност Гаспром да „игра” со различни услови во однос на различни земји од ЕУ. Ова прашање треба да го решат европските лидери на највисоко ниво.

Кирил Петков и неговиот италијански колега Марио Драги сметаат дека треба да се прошири мандатот на Европското јавно обвинителство, вклучително и во однос на перењето пари, кое влијае на различни земји на континентот, јави дописникот на МИА од Софија.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Карпош штеди: Свети секоја втора светилка од уличното осветлување

Следно

Ѓоковиќ: Ќе загубам 4000 поени без можност да ги бранам

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian