Официјално: Мазрауи од Ајакс во редовите на Баерн Минхен

1 min read

Поранешниот играч на Ајакс, Нусаир Мазрауи денеска потпиша четиригодишен договор со Баерн Минхен до јуни 2026 година.

Мароканскиот 24-годишен десен бек се пресели во Баерн како слободен играч, откако му истече договорот со холандскиот клуб.

– Со Мазрауи продолжуваме да го зајакнуваме нашиот тим. Имаме големи цели за новата сезона – вели извршниот директор на Баерн, Оливер Кан.

Баварскиот гигант оваа сезона ја освои 10 последователна шампионска титула во Бундеслигата.

Мазраруи дојде во фудбалската школа на Ајакс во 2013 година, а за првиот тим дебитираше пет години подоцна. За Ајакс одигра 137 натпревари и постигна 10 гола.

За репрезентацијата на Мароко одигра 12 натпревари. Баерн во понеделникот го продолжи договорот со голманот Мануел Ноер до 2024 година.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Втор случај на лепра во Грција

Следно

Вил Смит: Гледав како ми исчезнуваат парите, куќата, кариерата…

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian