Одбележување во Стајковци – Училишната сала ќе го носи името на херојот Бобан Ивановиќ

1 min read

Денес по повод празникот Св. Кирил и Методиј кој е патрон на населеното место Стајковци во Гази Баба се оддржа настан за положување свежо цвеже и оддавање почит пред споменикот на Бобан Ивановиќ кој како припадник на специјалните единици на МВР загина во вооружената пресметка во Диво Насеље.

На настанот свое обраќање имаше градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски.

-Бобан Ивановиќ и Горан Стојменовиќ се двајцата херои кои беа наши сограѓани, а загинаа во Диво Насеље. Како градоначалник на општина Гази Баба нема да дозволам нивниот лик и дело да се заборави. За таа цел ќе доставам предлог до училишниот одбор на општинското основно училиште Кирил и Методиј во Стајковци во кој ќе предложам училишната сала која е во изградба да го носи името на Бобан Ивановиќ. Со оваа одлука неговото име и дело никогаш повеќе нема да бидат заборавени, истакна Стефковски.

На настанот покрај свежо цвеќе положија: делегација на општина Гази Баба предводена од градоначалникот Бобан Стефковски, делегација на Советот на општина Гази Баба предводена од претседателот Дијана Илиевска, делегација на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во состав на пратениците Жаклина Пешевска и Зоран Коцевски, делегација на семејството на Бобан Ивановиќ, делегација на Месната заедница Стајковци и други делегации.

skopjeinfo.mk

Претходно

Ковачевски: Просветителската мисија на Светите Кирил и Методиј има посебно место во историјата на македонскта држава

Следно

Миркуловски ја завршува кариерата, ќе биде асистент тренер во Вецлар

Latest from Blog

Македонската наука со индигнација ги отфрла препораките на „Комисијата за ревизија на македонската историја“, како псевдонаучни, ништовни и нерелевантни!

Таканаречените “Препораки за заедничко одбележување на историски личности“ на “Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и

MacedonianEnglishAlbanian