Невронаучник објаснува зошто толку копнееме по море: Буди чувство на сигурност

4 mins read

Луѓето копнеат по море и сонце со причина. Штом ќе го напуштат градот и ќе тргнат кон морето, нивото на хормоните на стрес во телото почнува да се намалува. Пристигнувањето на плажа и шетањето покрај море има исклучително позитивно влијание на нашиот ум, а со тоа и на нашето тело. Во исто време го слушаме звукот на брановите, го мирисаме морето и ветрето на нашата кожа. Дишењето се забавува и мислите се чистат од непотребните информации.

Додека се шетаме или лежиме на плажа, нашето тело апсорбира повеќе кислород и го подига нивото на серотонин во телото, хормонот на среќата кој е одговорен за чувството на душевен мир и среќа. Чувството е слично на она по медитација.

Експертите го споредуваат звукот на брановите со звукот на чукањето на срцето на мајката што бебето го слуша во утробата. Тој звук е врежан во нашата потсвест и во зрелата возраст слични звуци нè потсетуваат на сигурноста и заштитата што ја чувствувавме во утробата.

Море / Фото: Unsplash / Aaron Burden

Ефектот на звуците и мирисите на морето научниците ги нарекуваат „син простор“

„Додека гледаме во море или сме на плажа, всушност сме во убава, стабилна средина. Се чувствуваме безбедно и далеку од места каде што сме под некаква закана. Површината на морето што се спојува со небото на хоризонтот буди чувство на стабилност и сигурност кај нас“, објаснува невронаучникот Мајкл Мерзенич од Универзитетот Калифорнија (UCSF) во Сан Франциско.

Денес, многу болници и бањи се наоѓаат покрај море, што всушност има смисла. Уште во 18 век, шкотскиот лекар Вилијам Бјучен ги поттикнувал своите пациенти да се капат во морето – им објаснувал дека тоа има многу лековито дејство врз телото.

camille-minouflet-d7M5Xramf8g-unsplash
Море / Фото: Unsplash / Camille Minouflet

Пред неколку години беше спроведена студија наречена „BlueHealth“, која се осврна на влијанието на морето и другите природни окружувања врз човечкото тело. Во таа прилика, истражувачите открија дека звуците на морето го стимулираат фронталниот кортекс, делот од мозокот одговорен за емоции и лична рефлексија. Престојот покрај море ја проширува самосвеста и ги нормализира емоциите.

Терминот „син простор“ не се однесува само на морето, туку на сите делови од природата каде што има вода – реки, езера, потоци… Има неколку начини како влијае на луѓето:

Водата е природен лек за ослободување од стрес

Водата е полна со позитивни јони кои ви помагаат да се чувствувате удобно. Без разлика дали ќе нурнете низ вода или само ќе го потопите прстот во неа, сигурно ќе почнете да се опуштате.

море
Море / Фото: Unsplash

Одењето на плажа ја поттикнува креативноста

Престојот во „синиот простор“ помага да се прочистат мислите и да се пристапи кон проблемите или проектите на креативен начин. Како и медитацијата, плажата предизвикува чувство на смиреност што ни помага да се справиме со секојдневните проблеми и да размислиме на што треба да се фокусираме.

Може да го доведе умот во медитативна состојба

Хипнотичкиот звук на брановите во комбинација со визуелните и миризливите дразби делува исклучително поволно на психата и лесно може да нè стави во медитативна состојба. Освен тоа, атмосферата на плажата го расчистува умот и ни помага добро да размислуваме за животот далеку од секојдневниот хаос и стрес.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Чувара останува во Вардар 1961, Валчак се сели во Португалија

Следно

Позитивни реакции во Србија по одобрувањето од СПЦ на автокефалноста на МПЦ-ОА

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian