Миркуловски ја завршува кариерата, ќе биде асистент тренер во Вецлар

1 min read

Како што е веќе познато, Филип Миркуловски (38) на најубав начин во Скопје ја заврши репрезентативната кариера, пред еден месец Македонија обезбеди ново учество на Светските шампионати.

Денеска Вецлар објави дека нашиот плејмејкер на крајот од оваа сезона ја завршува кариерата како професионален ракометар и дека во германскиот клуб ќе има нова функција, односно ќе биде асистент тренер.

За Миркуловски на лето започнува нова фаза во кариерата во професионалниот ракомет.

– Среќен сум што останувам како помошен тренер во Вецлар по мојата играчка кариера. Благодарен сум на клупските челници што ми дадоа шанса да се развијам како тренер. Исто така, многу се радувам на уште поинтензивна соработка со Бен Мачке. Го запознав како одлична личност и одличен млад тренер. Ќе ми биде задоволство да му помагам. Во наредната сезона ќе ја имаме една од најмладите екипи во Бундеслигата. Чест ми е што можам да им го пренесам моето искуство и ракометното знаење на играчите. Нашиот тим е стратешки добро склопен и ветува успешна иднина за Вецлар. Следува многу работа – вели Миркуловски за клупскиот сајт.

Миркуловски во својата кариера како играч настапуваше за Металург, Младост Богданци, Хановер-Бургдорф и од 2015 до 2022 година во боите на Вецлар.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Одбележување во Стајковци – Училишната сала ќе го носи името на херојот Бобан Ивановиќ

Следно

Кејт Мос ќе сведочи во судскиот процес на Џони Деп против Амбер Херд

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian