Кривична за скопјанец за загрозување на животната средина и природата со отпад

1 min read

СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против Д.С.(38) од Скопје и против правно лице од Скопје поради постоење основано сомнение дека сториле кривично дело „загрозување на животната средина и природата со отпад” по член 230 од Кривичниот законик.

Како што соопшто МВР, на 14.02.2022, полициски службеници од Единица за економски и компјутерски криминал и инспектори од Државен пазарен инспекторат извршиле контрола и утврдиле дека првопријавениот,  сопственик и управител на правното лице, во име на правното лице, во нерегистриран склад за откуп и продажба на секундарни суровини на ул.„Ѓорѓи Капчев“ неовластено тргувал со отпад без да поседува дозвола за управување со отпад издадена од Министерството за животна средина и просторно планирање

skopjeinfo.mk

Претходно

САД сакаат вакцинирање на лицата кои биле во контакт со заболени од мајмунски сипаници

Следно

Во Косово нема заразени од мајмунски сипаници, тврдат здравствените власти

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian