ГАЛЕРИЈА | Заедничка литургија на МПЦ-ОА и СПЦ во соборниот храм „Св. Климент Охридски” во Скопје

5 mins read

Во соборниот храм „Свети Климент Охридски” во Скопје се одржува божествена литургија со која чиноначалствуваат поглаварот на МПЦ-OА г.г. Стефан и српскиот патријарх г.г. Порфириј. Во храмот освен митрополити на МПЦ-OA присутни се и четворица митрополити на СПЦ.

Покрај големиот број верници од различни возрасти има и претставници на Католичката црква во земјава, голем број монаси. Организирано доаѓаа верници и од другите градови.

Според црковни извори од МПЦ-OA помирувањето на двете сестрински цркви е многу значајно, а овој настан што денес се случува во нашата земја е оценет како чин на христијанската љубов. Важно е да се знае дека ова е само почеток на процесот за стекнување на Томос за афтокефалност, кој двете сестрински цркви очекуваат да биде доделен од страна на Вселенскиот Патријарх Вартоломеј.

Овој настан дојде како резултат на одлуката на Вселенскиот Патријарх од 9 мај 2022 година, за враќање на нашата Црква во канонско единство до останатите Православни Цркви. Процесот беше започнат уште пред околу пет години, со низа преговори што се одвиваа помеѓу МПЦ – ОА и Вселенската Патријаршија, а кон одлуката за враќање во единство придонесоа поранешниот премиер Зоран Заев, но и сегашниот премиер Димитар Ковачевски и претседателот Стево Пендаровски.

Познато е дека Вселенскиот Патријарх Вартоломеј уште во февруари 2022 година испрати писмо до СПЦ со апел да го реши процесот со МПЦ – ОА.

Заедничкото сослужување на двајцата поглавари, доаѓа по надминувањето на 55-годишниот раскол меѓу СПЦ и МПЦ-ОА и возобновувањето на канонското и евхаристичкото општење, откако Вселенската патријаршија донесе одлука МПЦ-ОА да ја признае за канонска црква.

Претходно, на 19 мај, двајцата поглавари служеа заедничка архијерејска литургија на помирување во соборниот храм „Свети Сава” во Белград, на покана на српскиот патријарх Порфириј. По ова, следеше покана од архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, за заедничка литургија во храмот „Св. Климент Охридски” во Скопје на Денот на сесловенските просветители светите рамноапостоли Кирил и Методиј.

Заедничката литургија е во рамки на канонската посета на делегација на СПЦ, предводена од патријархот Порфириј, која вчера пристигна во Скопје. Делегацијата ја сочинуваат дваесет лица, меѓу кои и осуммина владици на СПЦ.

Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан, Фото: Слободен печат/Драган Митревски
Поглаварот на СПЦ г.г. Порфириј, Фото: Слободен печат/Драган Митревски
Заедничка литургија на МПЦ-ОА и СПЦ во Соборниот храм Св. Климент Охридски во Скопје, Фото: Слободен печат/Драган Митревски

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО | Кендал Џенер на венчавката на нејзината сестра го „утнала“ фустанот: Едвај оди

Следно

САД сакаат вакцинирање на лицата кои биле во контакт со заболени од мајмунски сипаници

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian