Наоми Кемпбел се појави на премиерата на филмот „Decision To Leave“ на Канскиот филмски фестивал и го привлече вниманието на присутните со својата појава.

Наоми се одлучила за многу необичен стајлинг кој привлече големо внимание. Таа носеше многу атрактивен фустан кој едвај и ги покриваше градите, но за манекенка со децениско искуство носењето на ова „ризично“ парче не беше никаков проблем.

Црната креација со потпис на „Valentino“ се состои од топ со длабоко деколте со отвор од страните, машни на рамениците и раскошно здолниште со пердуви. Целиот фустан е покриен ситни детали кои даваат дополнителен драматичен ефект.

Стајлингот го наополнила со скап светкав накит, а Наоми која пред два дена наполни 52 години изгледа подобро од кога и да е.