ФОТО | Меган Маркл го бакна принцот Хари на спортски настап: Со модниот избор потсети на Дијана

1 min read

Војвотката од Сасекс, Меган Маркл пристигна во Санта Барбара, Калифорнија за да го поддржи својот сопруг, принцот Хари. Нејзиниот сопруг учествуваше на турнир во поло каде неговиот тим на крајот победи.

Настанот беше отворен за јавноста и привлече славни ѕвезди, вклучувајќи ги актерката Ребел Вилсон и Абигејл Спенсер.

40-годишната Меган како и секогаш беше елегантно облечена. Таа се појави во бело здолниште, црна кошула со бели точки и голема црн шешир. Маркл им ги додели награди на победниците, а 37-годишниот принц Хари беше член на победничкиот тим. Откако им честиташе на остатокот од тимот, таа му ја предаде повелбата на својот сопруг и страсно го бакна, обидувајќи се да го „скрие“ бакнежот со раката.

Големите вљубеници во приказната за кралското семејство се потсетија на момент од 1985 година, кога принцезата Дијана му ја врачи главната награда на нејзиниот сопруг Чарлс и го бакна, но таа не го сокри бакнежот.

Посебно е интересно што принцезата Дијана честопати во такви прилики носела дизајн со точки, нешто на кое веројатно се сетила Меган Маркл.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Зелено светло за продажба на Челси даде и Премиер лигата

Следно

Скопјанец во контактибилна состојба изваден од Вардар

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian