Димитријевиќ заедно со Црвена звезда и Партизан во Евролигата!?

2 mins read

Иако првиот човек на Евролигата, Жорди Бертомеу неодамна изјави дека два клуба од АБА лигата тешко ќе го играат најелитното кошаркарско натпреварување, во вторникот се појавија нови информации кои велат дека можно е и Црвена звезда и Партизан да играат во елитата.

Ова го соопшти Арис Баркас, уредникот на порталот „Јурохупс“, ден пред состанокот на акционерите во Евролигата закажан за в среда

А исто така меѓу двата српски гиганти е и шпанската Валенсија на македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ која аплицираше за настап во Евролигата.

– Со Црвена звезда и Партизан во финалето на АБА лигата, речиси е сигурно дека последните три места во Евролигата ќе им припаднат на српските клубови и на Валенсија – напиша Баркас, кој е највлијателниот новинар во играта под обрачите.

За потсетување, финалната серија во АБА лигата ќе започне в петок и шампионот во регионалното натпреварување ќе гарантира настап во Евролигата, додека шансата за уште еден српски клуб дојде по информацијата дека Бурса ќе се откаже од поканата поради неможноста за буџет од седум милиони евра.

Доколку се потврди дека Црвена звезда, Партизан и Валенсија ќе бидат дел од Евролигата следната сезона, ќе им се придружат на Реал Мадрид, Барселона, Басконија, Макаби, Олимпијакос, Панатинаикос, Фенербахче, Анадолу Ефес, Олимпија Милано, Жалгирис, Баерн, Алба, Асвел, Виртус и Монако.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Во Словенија потврден првиот случај на мајмунска сипаница

Следно

ВИДЕО | Демонстранти упаднаа на Канскиот филмски фестивал со огромен транспарент и димни бомби

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian