Британец ѝ обезбедил сместување на Украинка: Поради неа за десет дена ги оставил сопругата и децата

3 mins read

Британецот Тони Гарнет, татко на две деца, ја оставил сопругата Лорна поради Софија Каркадим, која дошла да живее кај нив за да избега од војната во Украина. Софија на почетокот на мај дошла да живее во Велика Британија, а само десет дена подоцна навидум среќниот брак на Тони и Лорн се распаднал бидејќи тој се вљубил во Украинката, пренесуваат британските медиуми.

29-годишниот чувар, кој живее во Бредфорд, Западен Јоркшир, вели дека се вљубил во 22-годишната Софија и сака да го помине остатокот од својот живот со неа.

Побегнала од Лавов и се вљубила во Британец

Софија побегнала од Лавов и рекла дека ѝ се допаднал Тони уште првиот пат кога го видела. Тони вели дека Софија првпат одговорила на фејсбук-страницата кога понудил сместување на бегалците. Вели дека тој и Софија брзо развиле врска. Тој зборува словачки, па му било полесно да комуницира со Софија, но неговата сопруга не разбирала за што зборуваат. Набргу, Тони и Софија се вљубиле еден во друг.

„Дома сфатив дека наоѓаме изговори за да се допираме и да се бидеме еден до друг, флертувавме, но ништо повеќе од тоа не се случи во таа фаза“, рече Тони.

Тони вели дека не планирале да се вљубат еден во друг и дека неговата врска со Софија предизвикала расправија со неговата сопруга.

Односот со сопругата наеднаш се влошил

„Кога ќе дојдев дома, Софија беше таа која ми го подготвуваше оброкот. Лорна стана љубоморна и почна да се прашува зошто Софија ме следи цело време. Атмосферата стана многу лоша и Софија ми рече дека не знае дали може да продолжи да живее со нас“, раскажа Тони.

Лорна и Софија се скарале, на што Тони рекол – „Ако замине таа, одам и јас“. Парот ги спакувал куферите и се преселил кај неговите родители.

Тони и Лорна биле заедно десет години и тој вели дека се чувствува лошо и дека не е таа виновна за раскинувањето.

„Многу ми е жал за тоа низ што поминува Лорна. Не беше таа виновна. Никогаш немавме намера да го направиме тоа, не беше планирано и не сакавме никого да повредиме“, рекол Тони.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Арсовска – Алтај: Потпишан значаен договор за соработка меѓу Скопје и Конја

Следно

Ковачевски – Драги: Проширувањето на ЕУ е клучно за просперитет на регионот и на Европа

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian