ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Сончево и топло време, попладне пороен дожд

1 min read

Денес времето во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. Ветерот повремено на некои места ќе засилува на интензитет. Во попладневните часови локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер а има услови и за локална појава на град. Температурите ќе се искачуваат во интервалот од 22 до 29 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност а ќе дува и слаб до умерен ветер од северозападен правец. Во попладневните часови во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималната температура ќе се искачи до околу 26 степени.

Потоа во следните денови времето во Македонија ќе се задржи претежно стабилно, суво и сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец, додека во попладневните часови ќе има услови за локална нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Што се однесува до температурите, тие ќе бележат тенденција на понатамошен пораст и тоа поради влијанието на многу топлата воздушна маса од Африка, и истите во следните денови ќе бидат натпросекот и ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 35 степени, додека во најтоплите предели температурите се очекува да надминат 35 степени.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Алкараз лесно во второто коло на Ролан Гарос, кај дамите крај и за Мугуруза

Следно

Дневен хороскоп за 23 мај: Проценете го моментот за акција

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian