ВИДЕО | На чекор до финале: Андријана Петрушовска „растури“ во „Ѕвездите на Гранд“: Цеца и Шерифовиќ воодушевени

1 min read

Младата пејачка Андријана Петрушовска буквално „растури“ во саботата на најголемото музичко натпреварување на овие простори – „Ѕвездите на Гранд“.

Со сите шест гласови од жирикомисијата нашата Андријана директно отпатува во четвртфиналето и со тоа потиша договор со „Гранд продукција“.

Жирикомисијата составена од Саша Поповиќ, Цеца Ражнатовиќ, Драган Стојковоиќ – Босанац, Ана Бекута, Мили, Вики Миљковиќ и нејзиниот ментор Ѓорѓе Давид имаа само пофални зборови за настапот на Петрушовска.

Особено силни зборови за Андријана ѝ упати Марија Шерифовиќ…

„Браво, браво, лудница“, беше коментарот на Шерифовиќ, а по неа се надоврза и Цеца Ражнатовиќ… „Што ти реков, што ти реков? Браво кукло“!

Инаку покрај одличниот настап, Андријана секоја емисија во музичкото шоу внимание остава и со своите впечатливи стајлинзи, особено сега кога таа беше облечена како „cat woman“.

Погледнете го нејзиниот настап:

;

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Ноер останува на голот на Баерн и во наредните две години

Следно

Петков: Многу е важно да продолжи конструктивниот дијалог со Северна Македонија

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian