ВИДЕО | Морган Фримен е на црната листa на Путин: Еве зошто

1 min read

Морган Фримен е на црната листа на Владимир Путин.

Вашингтон пост“ пишува дека донекаде името на Морган Фримен е изненадувачки како се нашло меѓу сите политичари и се наведува дека Русите во образложението навеле дека Фримен објавил видео во кое „ја обвинува Русија за заговор против САД и повикува на борба против нашата земја“.

Видеото е снимено во 2017 година во продукција на „Committee to Investigate Russia“.

Во видеото актерот алегорично раскажува измислено филмско сценарио, зборува за политичкиот пат и подемот на Владимир Путин, а споменува и како тој ги користи социјалните мрежи за да ја шири својата пропаганда.

Местото на таа листа објавена од руското Министерство за надворешни работи, значи дека на споменатите 963 Американци не им е дозволен влез во Русија, а самата листа има доминантно симболично значење. На него се и Џо Бајден и Камала Харис.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Новиот менаџер на Јунајтед најавува крај на доминацијата на Сити и Ливерпул во Премиер лигата

Следно

ВИДЕО | Инфлацијата никако да се заузди, граѓаните го губат темпото со поскапувњата

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian