ВИДЕО | Инфлацијата никако да се заузди, граѓаните го губат темпото со поскапувњата

3 mins read

Додека економските експертите апелираат на внимателност за да не се предизвикаат контраефекти при носењето на новите антикризни мерки на државата во однос поскапувањата на храната, во Владата и во Министерството за економија се уште се прават анализи на состојбите од што ќе зависат следните чекори по завршувањето на мерките за зауздување на цените на основните прехранбени производи.

Од владата за „Слободен печат“  кратко изјавија дека будно ги следи состојбите во стопанството и во деновите што следат ќе излезат со нови мерки за заштита на граѓаните.

– Владата будно ги следи сите состојби на домашниот и особено на светските пазари бидејќи она што го имаме во моментот е инфлација што е увезена и која е предизвикана исклучиво од порастот на цените на енергенсите и на цените на основните прехранбени производи и суровини на светските берзи. Во деновиве што следат Владата ќе се произнесе дали и со кои мерки ќе се ублажи понатаму влијанието од енергетска и ценовна криза врз стандардот на граѓаните и ликвидноста на стопанството – велат од владата.

Гувернерката на Народна Банка Анита Ангеловска-Бежоска во интервју на Радио Слободна Европа истакна дека македонските граѓани ги очекува тешка економска година по растот на инфлацијата. Таа препорачува на властите фокусот да им биде во подобрување на животниот стандард на граѓаните.

 

Предходно минатата недела Министерството за економија соопшти дека одлуката за ограничување на профитната маржа за трговија на мало кај основните прехранбени производи важи до крајот на месецот, по што ќе следи нова при тоа не прецизирајќи кога и каква.

Во меѓувреме „Слободен печат“ ги запраша граѓаните како се справуваат тие со ценовните шокови кои инфлацијата ги им ги зададе и дали се задоволни од одлуките на владата кои ги прави се со цел да се заштити населението од поскапувањата.

Анкетираните граѓани се со поделени мислења, дел од нив велат дека поскапувањата ги натерале да се откажат од некои работи, други пак велат дека поскапувањта не влијаат врз нивниот живот.

Од друга страна дека цените на храната и натаму ќе растат говорат и предвидувањата на меѓународните финансиски институции кои очекуваат нивно стабилизирање дури следната година. Трговците коментираат дека цените на храната секако ќе одат нагоре.

Инаку, Владата досега донесе повеќе одлуки за да го заштити стандардот на граѓаните. Некои прозиводи се продаваат по набавна цена и со 0 проценти ДДВ, а за некои производи е скратена профитната маржа. Но и со овие мерки сепак статистика измери дека инфлацијата во април достигна 10,5 проценти.

Останува не јасно кои ќе бидат новите мерки на властите за заштита на стандардот на граѓаните и сиромаштијата која во земјава која според Статистика е повеќе од 23 проценти.

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВИДЕО | Морган Фримен е на црната листa на Путин: Еве зошто

Следно

Руски дипломат во ОН поднесе оставка поради инвазијата врз Украина

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian