Утре Божествена литургија во Соборниот храм, посебен сообраќаен режим на улиците

1 min read

По повод празникот на сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј, утре во посета на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија ќе престојува делегација на Православната Црква во Србија – Пеќска Патријаршија, предводена од Неговата Светост, Патријархот г. г. Порфириј, информира МПЦ-ОА.

Со почеток од 9 часот, во Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје, Неговата Светост, Патријархот г. г. Порфириј и Неговото Блаженство, Архиепископот г. г. Стефан, заедно со архијереи од двете сестрински Цркви, ќе отслужат Божествена Литургија.

Утре во Скопје Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај по сообраќајниците на поширокото централно подрачје поради официјална посета на делегација на Српската православна црква.

За сообраќај ќе бидат затворени бул. „Партизански одреди” од крстосница со ул. „Аминта Трети” до крстосница со бул. „ВМРО” и ул. „Св.Климент Охридски” од крстосница со бул. „Илинден” до крстосница со ул. „Димитрие Чуповски” во Скопје.

СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Били Ајлиш отворено за борбата со Туретов синдром: Сите мислат дека се обидувам да бидам смешна

Следно

Минатата недела санкционирани се 187 непрописно паркирани возила на територија на Општина Центар

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian