Швјонтек експресно во второто коло на Ролан Гарос, Осака повторно разочара

1 min read

Најдобрата светска тенисерка, Ига Швјонтек  обезбеди пласман во второто коло на Ролан Гарос откако денеска без никакви проблеми ја победи Украинката Лејса Цуренко на која и дозволи да освои само два гема (6:2,6:0).

Швјонтек во двата сета три пати по м го одзеде сервисот на противничката и за 56 минути игра обезбеди пласман во второто коло каде ја очекува дуел со Американката Алисон Рике која со 6:3,6:3 беше подобра од Дајана Јастремска.

Со триумфот над Цуренко, Швјонтек ја продолжи победничката серија на 29 натпревари и се приближуа до рекордот во женскиот тенис кој го држи Серена Вилијамс која во 2013 година оствари 34 победи по ред.

За разлика од Швјонтек која „ги гази“ противничките, поранешната најдобра тенисерка на светот, аоми Осака реди порази. Јапонската тенисерка загуби во првото коло на Ролан Гарос од Американката Аманда Анисимова со 7:5,6:4.

Пласман во второто коло обезбедија Чехинката Петра Квитова, која беше подобра од Унгарката Ана Бондар со 7:6, 6:1, како и Викторија Азаренка која со 6:7,7:6,6:2 беше подобра од Романката Богдан.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Престрелка меѓу дуќанџии во Истанбул, шестмина ранети

Следно

ФОТО | Велика Британија му оддаде почит на принцот Вилијам за неговиот 40-ти роденден

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian