Словенечкиот претседател Борут Пахор испрати предлог до парламентот за именување на Роберт Голоб за мандатар на новата словенечка влада, за кој пратениците би можеле да гласаат в среда.
Писмено го информирав претседателот на Парламентот дека за премиер го предлагам Роберт Голоб, претседател на партијата Движење на слободата”, рече Пахор на заедничката конференција со Голоб.
Словенечкиот претседател претходно имаше консултации со лидерите на пратеничките клубови на сите 5 партии застапени во новото собрание.
Пахор изјави дека коалицијата на Голоб од три партии ќе има мнозинство бидејќи има 53 пратенички места од вкупно 90 пратеници во Националното собрание.
Голоб нагласи дека очекува пратениците да гласаат за него за мандатар в среда, што е првиот можен рок.