Ноер останува на голот на Баерн и во наредните две години

1 min read

Голманот на Баерн Минхен и на германската репрезентација, Мануел Нојер потпиша нов двегодишен договор со баварскиот тим.

– Многу сум среќен што продолжува мојата соработка со Баерн. Повторно ќе имаме добар тим со кој ќе можеме да се бориме за сите трофеи. Како голман и капитен на тимот сакам да бидам столб и поддршка во реализација на следните цели – изјави Ноер по потпишување на договорот.

Мануел Ноер во Баерн притигна во 2011 година од редовите на Шалке и оттогаш е незаменлив на голот на баварскиот тим, но и на германската репрезентација. Во последните пет сезони, тој е капитен на Баерн.

Ноер досега одигра 472 натпревари за Баерн и освои десет титули во германскиот шампионат, пет трофеи во националниот куп и шест во германскиот Суперкуп. Има и две титули во ЛШ, Светското клупско првенство и Суперкупот на Европа.

– Нојер е најдобриот голман во светот и со години поставува нови стандарди. Големо достигнување е да се остане на врвно ниво толку долг период – изјави генералниот директор на Баерн, Оливер Кан.

 

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Минатата недела санкционирани се 187 непрописно паркирани возила на територија на Општина Центар

Следно

ВИДЕО | На чекор до финале: Андријана Петрушовска „растури“ во „Ѕвездите на Гранд“: Цеца и Шерифовиќ воодушевени

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian