Минатата недела санкционирани се 187 непрописно паркирани возила на територија на Општина Центар

1 min read

ЈП Паркинзи на Општина Центар и Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје минатата недела санкционираа 187 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

Во периодот од 16.05. до 22.05.2022 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 124 непрописно паркирани возила, а со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 63 возила кои биле затекнати во резидентни зони, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани.

ЈП ПОЦ и Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка со цел да се доведе во ред сообраќајниот хаос и проблемот со непрописното паркирање на комерцијалните и резидентните паркиралишта и улици на територија на Општина Центар, велат од локалната самоуправа.

skopjeinfo.mk

Претходно

Утре Божествена литургија во Соборниот храм, посебен сообраќаен режим на улиците

Следно

Ноер останува на голот на Баерн и во наредните две години

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian