Мбапе: За парите зборувавме пет минути, а за фудбалот неколку месеци

1 min read

Килијан Мбапе кој во саботата одлучи да потпише нов договор со ПСЖ, призна дека минатата година сметал дека заминувањето од „светците“ и преселбата во Реал Мадрид би бил вистински потег за него, но во меѓувреме работите се промениле и затоа одлучил да остане во Париз.

Мбапе во саботата потпиша нов тригодишен договор со ПСЖ и покрај големиот интерес на Реал Мадрид.

– Ова беше тешка одлука. Сакав добро да размислам пред да ја донесам вистинската одлука. Немав никакви проблеми со притисокот, бидејќи живеам со него од мојата 14. Година – изјави Мбапе на денешната прес-конференција.

– Сите знаат дека сакав да заминам минатата година, бев . убеден дека тоа беше најдобрата одлука во тоа време. Но, во меѓувреме работите се сменија. Не сакав да ја напуштам Франција, а се промени и спортскиот проект, ме натера да останам бидејќи мислам дека мојата приказна во ПСЖ сè уште не е завршена.

Напаѓачот призна и дека конечната одлука да донел дури минатата недела и не разговарал со претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез за тоа. Мбапе изјави и дека парите не одиграле клучна улога во неговата одлука, туку тоа бил проектот на ПСЖ иако со новиот договор ќе стане најдоброплатен фудбалер на светот.

– Да бидам искрен, со месеци разговаравме за спортскиот проект додека само неколку минути одвоивме за разговор за парите и маркетиншки права.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Бектеши: Бараме 900 милиони за враќање на долгови наследени од претходните влади

Следно

ФОТО: Српскиот патријарх Порфириј пречекан во Скопје, црковните делегации се сретнаа во резиденцијата на архиепископот Стефан

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian