Лазаров ќе го поштеди Талески од настап на Медитеранските игри

1 min read

Селекторот на ракометната репрезентација на Македонија, Кирил Лазаров го скрати списокот на ракометари со кои планира да настапи на Медитеранските игри што ќе се играат во Алжир.

Лазаров денеска објави нов список од 21 ракометар што треба да се појават на првиот ден од подготовките кои се закажани за 13 јуни и на него го нема ракометарот на Вардар, Филип Талески.

Талески беше дел од поширокиот список, но Лазаров одлучи да му даде поштеда на ракометарот на Вардар кој сезонава игра одлично и со „црвено-црните“ се наоѓа пред освојување на двојната круна, а со репрезентацијата обезбеди пласман на СП во Полска и Шведска.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Најсреќен ден во неделата за секој хороскопски знак

Следно

ФОТО | „Непрепознатлива“: Моника Белучи стана русокоса

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian