Иконому ги отфрли сценаријата за предвремени избори во Грција

1 min read

Портпаролот на грчката Влада Јанис Иконому на денешниот редовен брифинг со новинарите уште еднаш ги отфрли сценаријата за предвремени парламентарни избори во земјата, коментирајќи дека изборите ќе бидат следната година, односно кога завршува четиригодишниот мандат на Владата.

Во изминатите денови во медиумите Грција повторно се појавија сценаријата за можни предвремени избори во земјата во септември или октомври, додека пак денеска сè побројни се натписите за можна реконструкција на Владата и тоа во следните денови.

-Изборите ќе бидат во 2023 година. Сè друго се сценарија што немаат допир со реалноста. Владата е посветена на својата работа. Истото важи и за предвремените избори, ова важи и за реконструкцијата. Ја гледаме нашата работа. Секојдневно треба да даваме резултати и да стоиме на страната на граѓаните, да работиме за земјата и општеството, истакна Иконому.

www.slobodenpecat.mk

Претходно

Се уредува просторот кај Соборниот храм „Св. Климент Охридски“

Следно

РЕЦЕПТ | Мухамара – егзотичен, преквусен и хранлив намаз

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian