Хаос на напревар во Бутел: Физички се пресметале неколку луѓе, нападнат полицаец

1 min read

Неколку лица се нападнати за време на ракометен натпревар вчера во спортската сала „Антон Димитров“ во Бутел.

„Полициски службеници од Полициската станица Чаир го лишиле од слобода А.Б.(20) од Скопје затоа што влегол во салата со околу 15 лица од навивачка група и нападнале едно лице, а се обиделе и физички да се пресметаат со припадници на друга навивачка група кои биле во салата на ракометниот натпревар“, информираат од МВР.

При интервенцијата едно лице од групата физички нападнало полициски службеник.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

skopjeinfo.mk

Претходно

Москва го анализира предложениот мировен план на Италија

Следно

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Престрелка меѓу дуќанџии во Истанбул, шестмина ранети

Latest from Blog

MacedonianEnglishAlbanian